Денес почнува пролетта

Денешниот ден (четврток, 20 март 2025 година) е првиот ден на пролетта, а определено е и точното време на нејзиниот почеток 10 часот и 1 минута. Иако денес почнува пролет, сепак летното сметање на времето ќе започне 10 дена подоцна, односно на 30 март кога во 2 часот после полноќ часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.
Првиот ден од пролетта е наречен и пролетна рамноденица. Сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот, денот и ноќта траат еднакво по 12 часа и затоа овој ден се нарекува пролетна рамноденица.
Денес, на 20 март (рамноденица) на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента. На 22 септември е обратно, односно на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта. Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамноденица.
Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 40 минути, а ќе заврши на 21 јуни 2025 година во 04:42 часот, кога започнува летото.
