| |

Прилепчани ја објавија празничната програма во пресрет на новогодишните празници

Сподели на:

Oпштина Прилеп ја објави програмата за годинашното издание на „Прилепска празнична приказна“, настан кој ќе се се испрати старата 2025 и ќе се дочека новата 2026 година.

🏰 Посети го Прилеп – Градот под Марковите Кули!

Најдете апартмани и хотели во срцето на Прилеп по најдобри цени. 🏨 Види понуди во Прилеп

Booking.com

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски претставувајќи ја програмата истакна:

– Посебна благодарност упатуваме до општествено одговорната компанија „Витаминка“ која го поддржува овој настан. Витаминка во следната година ќе одбележи 70 години успешно постоење. Овој значаен јубилеј е потврда дека кога локалната самоуправа и домашните компании се обединети околу вистински вредности, резултатите се видливи и значајни за сите граѓани. Со овој нов, а сепак традиционален концепт, кој симболизира зближување, заедничка дружба и празнична радост, воведуваме и еден дополнителен автентичен момент – Новогодишниот базар. На базарот ќе се постават 7 големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе бидат понудени храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи ја онаа препознатлива атмосфера, симбол на големите европски новогодишни базари. Културно – уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите ќе има целодневна програма. Ги покануваме сите прилепчани, како и сите граѓани на Македонија, да бидат дел од оваа празнична магија во Прилеп, да уживаат во богатата програма и заедно да создадеме спомени што ќе не обединат и внесат во новата година со насмевка и позитивна енергија. Прилеп заслужува убава приказна. Добредојдовте во „Прилепска празнична приказна“.

Погледнете кои настани се дел од „Прилепската празнична приказна 2025“:

Сподели на:

Слични Написи