| |

Здравко Чолиќ со единствен концерт во Македонија ова лето – Битола подготвена за спектакл!

Сподели на:

Музичката легенда и без конкуренција најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден ексклузивен концерт за цела Македонија. Големиот музички спектакл ќе се одржи на 1 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, под организација на „Авалон Продукција“ и со поддршка на Општина Битола.

Ова е ретка можност за македонската публика во живо да ги слушне сите негови најголеми хитови во време кога Чолиќ ги руши сите рекорди на посетеност низ целиот регион.

„Големо задоволство ни е да Ви најавиме дека најголемата регионална ѕвезда на сите времиња, Здравко Чолиќ, оваа летна сезона ќе одржи само еден концерт за цела Македонија, и тоа на 1 август во преубавата и монументална Битола! За сите што се прашуваат зошто Здравко Чолиќ уште е тоа што е, одговорот е – затоа што неговите концерти се на највисоко светско ниво“, истакнуваат од организацијата „Avalon International Booking“.

Кликни тука и купи билет!

Подгответе се за најдобриот концерт за ова лето, така што во меѓувреме ќе се потсетите на најголемите музички хитови на нашиот Здравко Чолиќ.

Сподели на:

Слични Написи