|

Заврна црвен или таканаречен крвав дожд

Сподели на:

Во јужен Иран во регионот на Персискиот Залив се случува една интересна природна појава. Ова се области со пустинска клима, а во овој дел од светот врнежите се многу ретка појава, но кога ќе заврне, најчесто тоа се случува во овој дел од годината. Островот Хормоз се наоѓа во Персискиот залив и е едно од местата каде што се случуваат овие таканаречени „крвави дождови“. За овој феномен црвен или крвав дожд се пишува уште во времето на Хомеровата Илијада, создадена најдоцна до VIII век пред нашата ера. Сѐ до 17-от век населението верувало дека од небото паѓа крв во вид на дожд. Во текот на летото температурите на островот Хормоз стигнуваат до 45 степени, а во зимата до 25 степени. Големата содржина на железен оксид во почвата е причина за црвената боја. Kарпестата почва и црвениот песок имаат црвена боја. Со оглед на тоа што дождот содржи голема количина и на пустински песок, капките од дождот добиваат црвена боја. Обилните врнежи доведуваат до задржување на водата на теренот, бидејќи сувата почва не може да апсорбира голема количина вода за краток временски период, како и силните порои и помали поплави, па заради тие причини целата област се претвора во црвено или крваво езеро, односно врне црвен дожд.

Сподели на:

Слични Написи