Добрината на Тоше ги обедини хуманите луѓе: Успешна акција „За Теодор со Тоше“ во Србија

На 25 јануари, денот на раѓањето на нашата најголема музичка икона Тоше Проески, уште еднаш се докажа дека неговата мисија на љубов и човечност продолжува да живее. Македонците во Србија организирани преку Здружението Македониум и Македонскиот национален совет во Србија се обединија и успешно ја спроведоа хуманитарната акција со која се собираа средства за лечење во странство на детето Теодор Томановиќ.
„За Теодор со Тоше – (Срце није камен) Срцето не е камен“ покажа колку големи нешта можат да се случат кога луѓето ќе се здружат со едно срце и една единствена цел – да се помогне на мал херој.

Оваа приказна немаше да биде успешна без посветеноста на оние кои вложија време, енергија и многу љубов и затоа јавно сакаме да ги пофалиме сите организатори и поддржувачи на акцијата ширум Србија кои испратија СМС порака, донираа средства, споделија апел или едноставно пееја и се прегрнаа во име на хуманоста.:
- Пејачка група „Тоше Проески“ – Качарево
- Македонска редакција на Радио телевизија Војводина
- Здружение Македониум – Белград
- Фондација Македонски училишен центар – Лесковац
- Здружение Вардар – Вршац
- Здружение Вардар – Качарево
- Здружение Македонски бисери – Пландиште
Човечноста живее меѓу нас
Акцијата докажа дека човечноста и хуманоста сеуште живеат меѓу нас и уште еднаш гласно и гордо се потврди дека срцето навистина не е камен!
Погледнете го видеото за успешната акција кое се прикажа во емисијата „Македонско сонце“ на втората програма на Радио телевизија Војводина.
