|

ВМ Класик Централно Рели 2026

Сподели на:

Изминатиот викенд успешно се одржа ВМ Класик Централно Рели 2026 – првиот натпревар од Државното првенство во авто-мото рели со историски возила, под покровителство на Националната федерација за историски возила и во организација на олдтајмер клубот ВМ Класик.
Настанот започна во , на Сквер Јадран, каде учесниците поминаа технички преглед, верификација и брифинг, по што следуваше свеченото отворање и официјалниот старт на релито.


Третата етапа го одведе караванот до Крушево кое беше цел на натпреварувачкиот дел од релито, каде жителите имаа можност да уживаат во дефиле од 30 внимателно зачувани историски возила. Истите беа изложени пред хотел Монтана и на паркингот Гумење кај Македониумот.
Во неделата, организаторот ВМ Класик го реализираше “Ретрокана” првиот натпревар во дисциплина на спретно возење со историски возила, кој исто така е дел од шампионатот при Националната федерација за историски возила.

Сподели на:

Слични Написи