|

Важна информација за сите кои ова лето планираат да одат на одмор во Грција

Сподели на:

Со првиот ден на месец април 2025 година во Грција стапуваат на сила таканаречените правила „тивки часови“. Ова се правила кои се применуваат секоја година во текот на летната сезона. „Тивките часови“ се воведени со цел во текот на летото да има одредени временски периоди кога ќе има „јавна тишина“, односно тоа да биде период кога оние кои не сакаат многу врева ќе можат во мир и тишина да преспијат или да се одморат.

Што се однесува до временскиот период законски се предвидува во лето јавна тишина да има:

Од 15:00 до 17:30 часот и од 23:00 до 07:00 часот.

Што е забрането да се прави во периодите на јавната тишина:

  • Работење и користење на музички инструменти, радија, магнетофони или телевизиски апарати со голема јачина, како и гласно танцување и кој било друг бучен настан во резиденции или приватни места.
  • Пеење или гласно викање
  • Не смее да се користат музички инструменти на јавни места како што се улици и плоштади.
  • Задачи или други активности кои предизвикуваат бучава. Исклучоци се дозволени само во итни случаи, со посебна дозвола од командирот на локалната полициска станица, особено за комунални работи.
  • Употреба на сирени или други звучни безбедносни системи без итен случај, вклучувајќи го и нивното пробно работење.
  • Гласни игри во кафулиња, сали за танцување или други јавни центри.
  • Бучни дискусии и расправии на автобуските постојки, утовар и истовар на стоки и бучна работа на моторите на возилата во мирување.

И покрај тоа што сте турист ако непотребно создавате врева во овие временски периоди ако некој ве пријави или ве забележи полицијата без проблем може да добиете висока парична казна или пак затвор до 5 месеци. Овие казни се предвидени во неодамнешните измени во грчиот Кривичен законик за нарушување на јавниот ред и мир.

Сподели на:

Слични Написи