Чак Норис и сѐ е можно
Карлос Реј “Чак” Норис е роден на 10 март 1940 година во Рајан, Оклахома, САД. Чак Норис е еден од најпознатите холивудски актери. Оваа американска боречка ѕвезда освен по своите филмски улоги и ден денес се спомнува во голем број на шеги преку кои се величат неговите неверојатни вештини и способности кои ги прикажуваше во филмовите.
Направивме мал избор од стотиците мали шеги кои се познати низ целиот свет, а кои се поврзани со името на Чак Норис.

- Чак не носи часовник. Тој одлучува колку е саатот.
- Секоја година, грипот добива вакцина против Чак Норис.
- Чак Норис никогаш не спие. Тој само чека.
- Чак Норис дише воздух – три пати на ден.
- Чак Норис згреши само еднаш, а тоа беше тогаш кога помисли дека направил грешка.
- Чак Норис игра руски рулет со целосно наполнет револвер. И секогаш победува!
- Вселената постои затоа што се плаши за да биде на истата планета со Чак Норис.
- Кога Чак Норис станал полнолетен и наполнил 18 години, неговите родители се иселиле. И од тогаш Чак Норис почнал да им дава џепарлак.
- Чак никогаш нема потреба да се бричи, затоа што неговата брада се плаши да порасне.
- Дури и кромидот плаче од Чак Норис.
- Без проблем Чак Норис може да аплаудира со една рака.
- Знаете каде е роден Чак Норис? Во куќата што сам ја изгради.
