| | |

Театарска вечер под отворено небо: Вечерва во Кривогаштани изведба на претставата „Девојките на Марко“!

Сподели на:

Летната културна програма во Општина Кривогаштани продолжува со полн ек! Вечерва, (26 август 2026 година), со почеток во 20:00 часот, во реновираното училиште во Кривогаштани (на отворено), љубителите на уметноста ќе имаат ретка можност да уживаат гледајќи ја популарната театарска претстава „Девојките на Марко“, во продукција на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народниот театар „Војдан Чернодрински“.

Станува збор за уметнички проект во режија на Синиша Евтимов, со сценографија и костими на Илина Ангелковска, додека во претставата настапува актерска екипа во состав: Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Илија Волчески, Лора Штарго, Јасмина Мицовска-Станкоска и Наташа Ачански.

Богата завршница на „Културно спортско лето – Кривогаштани 2026“

Манифестацијата која го раздвижи регионов влегува во својата возбудлива завршница со преостанатите врвни настани до крајот на месецот. Веќе утре на 27 август ќе се одржи Меморијален турнир во баскет (во рамките на „Урбано лето“).

  • 28 август: Големо финале на Турнирот во мал фудбал (кој започна на 14 август).
  • 29 август: Традиционалниот Фестивал на пиперката во Кривогаштани, кој носи богата детска програма „Магијата на пиперките“ и голема музичка програма со учество на Пајак, Мелос Бенд, Татјана Стефановска, Кико и Тикса Бенд и DJ Tammy.
  • 30 август: Затворање на манифестацијата со „Бела ноќ“, во рамките на „Урбано лето“.

Општина Кривогаштани и ова лето нуди програма за секого – посетете ги настаните и бидете дел од културните настани во Пелагонија!

Сподели на:

Слични Написи