| |

Ставре Јада со одличен настап во Давос: Освоени 130 ФИС поени на Светскиот куп

Сподели на:

Ставре Јада е најуспешниот активен македонски натпреварувач во нордиско трчање. Тој е еден од ретките македонски спортисти кој има континуитет на големите светски натпреварувања. Овој успешен македонски спортист деновиве учествуваше на Светскиот Куп Давос во Швајцарија. На 13 декември настапи на спринт на 1.6 км. Следниот ден во трката на 10 км слободен стил, Јада постигна одличен резултат со заостанување зад првиот Норвежанец од 3 минути и 41 секунда, со што вкупно освои 130 фис поени. За Ставре ова беше петтата трка во оваа зимска сезона и радува податокот дека на сите пет трки покажа дека може да се носи со европските сили во нордиското трчање.

Следува период на подготовки каде ќе се спрема за трки во месец јануари и за настап на Зимската Олимпијада. Во италијанскиот град Милано нашиот олимпиец сака да постигне добри резултати во трката на 10 км. Ќе учествува во 20 км скиатлон, односно 10 км класика/10 км слободен стил во една трка. Еден од главните предизвици за време на Олимпијадата е и маратонот на 50 км во Вал Ди Фиемме во Италија.

Сподели на:

Слични Написи