|

Во Прилеп се одржа првата јавна средба со граѓани за заедничко креирање на буџетот за 2026 година

Сподели на:

Вечерва во Прилеп во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски успешно се одржа првата средба од циклусот консултации во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Под мотото „Заедно креираме буџет за сите“ на средбата активно учествуваа голем број на прилепчани и претставници од урбаните и месните заедници, кои ги изнесоа своите предлози, идеи и приоритети.

Оваа конструктивна дискусија уште еднаш покажа дека заедно, преку отворен и транспарентен процес, можеме да ги обликуваме вистинските насоки за развој на општините.

Во понеделник повторно ќе има јавна средба, на која фокусот ќе биде ставен на реалниот сектор стопанствениците, претставниците од невладиниот сектор и останатите релевантни централни институции.

Сподели на:

Слични Написи