|

Меморијален Боила Куп „Никола Зисов“: Во чест на вистинскиот пријател и вљубеник во риболовот

Сподели на:

Со голема тага, но и со огромна почит кон неговиот лик и дело, ве покануваме да земете учество на Меморијалниот риболовен натпревар на Крушевското Езеро, посветен на нашиот прерано починат другар, Никола Зисов.

Никола беше човек со големо срце, искрен пријател и вистински вљубеник во природата и риболовот. Неговата насмевка, добрина и несебично другарство засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.

Да се собереме, да му оддадеме почит и да го зачуваме споменот за него онака како што тој најмногу сакаше – покрај езерото, во круг на пријателите.

Нека му е вечна слава и светол спомен. Никогаш нема да биде заборавен!

🎣 Основни информации за натпреварот:

  • Локација: Крушевско Езеро
  • Траење на натпреварот: 52 часа
  • Техника на риболов: Боила
  • Дозволен број на ловни трски: 4 трски по екипа
  • Максимален број на екипи: 8
  • Котизација: 4.000 денари

📝 Пријавување и уплата:

Пријавувањето на екипите може да се изврши во коментар на официјалната објава (на социјалните мрежи) или директно преку порака.

Податоци за уплата на котизацијата:

  • Жиро сметка: 200004352889930
  • Примач: Х.З.

🤝 Поддршка и донации:

Сите оние кои сакаат викендов да го поддржат овој настан можат да контактираат со организаторите преку порака: ЗСРК „Мрена-1987“ Крушево

Да го направиме овој куп достоен за споменот на нашиот Никола! Ве очекуваме.

Сподели на:

Слични Написи