Спремете се за рок спектакл: Игор Џамбазов и Гуру Харе, ГРОМ и REVELATION на 11-тиот Рок хепенинг во Демир Хисар

Во рамките на „Демирхисарско културно лето 2026“, на 14 август (петок) со почеток во 21:00 часот, Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе биде центар на добрата забава и квалитетната рок музика. Оваа година се одржува единаесеттото јубилејно издание на традиционалниот „Рок хепенинг Демир Хисар 2026“.
Публиката ќе има можност да ужива во настапите на извонредни музички имиња:
- Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд – најпознатиот македонски шоумен заедно со својот бенд гарантираат одлична атмосфера и незаборавно шоу.
- ГРОМ – култната битолска група која ќе ги загрее присутните со својата препознатлива енергија.
- REVELATION – домашните миленици кои пред својата публика уште еднаш ќе ја потврдат локалната рок сцена.
Организаторите ве покануваат сите заедно да бидете дел од оваа вечер исполнета со добра дружба и рок ритами.
Манифестацијата „XI Рок хепенинг Демир Хисар 2026“ е во организација на Домот на културата „Илинден“ – Демир Хисар, а е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Демир Хисар.
