Литија во Крушево во слава на Свети Климент, Охридскиот Чудотворец

Со свечена вечерна богослужба и традиционална литија по улиците на градот, во Крушево по осми пат се одбележа празникот посветен на Свети Климент Охридски Чудотворец, заштитник и благодател на овој град.

Со празничната вечерна богослужба чиноначалствуваше Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован. По богослужбата имаше свечената литија која ја предводеше Епископот дремвитски г. Давид, исполнувајќи ги градските улици со молитвен дух и благодат. На верскиот настан присуствуваа голем број верници и гости, меѓу кои и градоначалникот на општина Крушево, Нико Чонески, директорката на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, Захарија Ангелеска, како и свештеници од повеќе епархии од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, меѓу кои и парохискиот свештеник, отец Тони Кузманоски.

Од Црквата упатуваат искрена благодарност до сите присутни верници, а посебно до младите крушевчани кои несебично помогнаа во организацијата и придонесоа за достоинствено одбележување на овој голем празник.
Видео:
Фотогалерија:




















