Смешни и забавни новогодишни честитки

- Ти посакувам во Новата година да ги изгубиш сите килограми што ги најавуваш од 2015-та наваму. Среќно со диетата која пак ќе трае само првите три дена!
- Оваа година решив да не држам диета. Зошто да ја расипам совршената фигура што ја градев со толку многу чоколадо? Ти го посакувам истото!
- Нека новата година ти донесе толку пари, што следната година ти ќе ми го платиш одморот!
- Ти посакувам батеријата на телефонот секогаш да ти е на 100%, Wi-Fi сигналот да е силен и никогаш да не пратиш порака на погрешна личност додека си пијан/а. Среќна Нова!“
- Мојата новогодишна одлука е да бидам помалку мрзелив, ама ќе почнам од 2027-ма. Оваа година уште малку ќе одмарам. Среќни празници!“
- Среќна Нова година! П.С. Сè уште го чекам подарокот за минатата.
- Ти посакувам 365 дена без известувања од банката за недозволен минус. Знам, научна фантастика е, ама вреди да се посака!
- Ти посакувам во Новата година да пиеш толку многу што ќе мислиш дека си пејач на Гранд, а да се разбудиш со чувството дека си добил на лото. Среќна Нова!
- Ти посакувам во Новата година прашината на полиците да биде невидлива, а садовите во мијалникот да се мијат со поглед. Кога веќе сонуваме, да сонуваме на големо!
- Среќна Нова! Ти посакувам оваа година ‘понеделникот’ на кој планираш да почнеш со диета навистина да се појави во календарот.

❄️ Уживај на снегот на Попова Шапка!
Резервирајте го вашиот планински престој по најниски цени на Booking.
🏨 Провери слободни соби- Ти посакувам во Новата година твојот паричник да биде како кромид – кога ќе го отвориш, да ти потечат солзи, ама овојпат од радост, кога ќе видиш колку е полн!
- Среќна Нова година! Ти посакувам да најдеш некој што ќе те трпи исто толку колку што те трпам јас, иако знаеме дека тоа е практично невозможно.
- Ти посакувам во Новата година да имаш толку здравје, што докторите ќе те заборават, и толку алкохол, што ти ќе ги заборавиш сите доктори!
- Среќна Нова! Ти посакувам да најдеш некој што ќе те гледа онака како што ја гледаш ти последната сарма во чинијата.
- Мојата новогодишна одлука е да престанам да лажам дека ќе почнам со диета. Ти посакувам и тебе помалку лаги, а повеќе пица во новата година!
- Ти посакувам во Новата година да имаш толку пари, што ќе заборавиш дека воопшто сме се познавале (но те молам, не ме заборавај баш сосема).
- Нека твоите проблеми траат колку и твоите новогодишни одлуки – кратко и безболно!
