Македонците сѐ повеќе купуваат преку интернет
Се зголеми употребата на дигиталните начини за плаќање во текот минатата година. Тоа е заклучокот до кој дојде Народната банка на нашата држава, која утврди дека за 7,5% е повисок процентот на вредноста на трансакциите кои се направени на продажните места наменети за трговија преку интернет. Вкупната вредност на трансакции во 2024 година е 522,5 милиони евра. Интересен е и податокот дека Македонците во годината која веќе е зад нас, значително го зголемиле своето купување од продавници кои се регистрирани надвор од Македонија, а намалено е купувањето кон домашните е-трговци. Сепак тука мора да се спомене и податокот дека голем број на македонски граѓани кога купуваат од домашни е-трговци, не плаќаат директно преку интернет, туку плаќањето го прават во кеш кога самиот производ ќе им биде доставен, па во секој случај многу поголема е бројката на наши граѓани кои прават нарачки преку интернет од домашни е-трговци. Анализата што ја направи Асоцијацијата за е-трговија „Преглед на е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година“ има утврдено дека 43% од граѓаните користат платежни картички, а со мобилен телефон плаќаат 36% од нив.
Според податоците на НБРМ (https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-02012025.nspx) во третиот квартал од 2024 година се забележува дека трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.
Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за 9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Овие податоци укажуваат на тоа дека и во иднина за плаќање ќе се зголемува употребата на дигиталните канали.
Доста интересен е податокот дека за цели 50,2 % повеќе се користеа апликациите наменети за плаќање преку мобилен во 2024 година, отколку во 2023 година.
