Се зголемува бројот на странски туристи

Државниот завод за статистика објави дека во април 2025 година во Македонија престојувале 96.943 туристи, од кои дури 78,6 отсто биле странци, а домашни туристи биле 21,4 %. Во април остварени се 171.886 ноќевања, од кои 73,5 отсто се на странските туристи, а 26,5 отсто на домашните.
Ако се споредат податоците со оние од лани можеме да извлечеме заклучок дека годинава во првите 4 месеци има 13,4% повеќе туристи. Бројката на домашни туристи во април 2025 год. е помала зa 4,2 %, од април 2024 година. Зголемување од 10,5 % има и кај бројот на ноќевања, но и овде зголемувањето се должи на повеќето странски туристи, а кај домашните има намалување на бројот на ноќевања за 4,7%.
Традиционално Турците и во април месец беа најбројните туристи, затоа што дури 21,124 Турци ја посеија земјава за само еден месец. На второ место се Германците со 11.097, Србите со 4.905 и Французите со 4.881 турист.

