Сè е подготвено за традиционалниот Вевчански карневал 2026

Јануари е месецот кога Вевчани пулсира во ритамот на традицијата! И во оваа 2025 година, вевчанските сокаци стануваат отворена сцена за еден од најстарите карневали во светот. Со историја долга над 1400 години, овој пагански обичај за дочек на Православна Нова година е многу повеќе од забава – тоа е славење на природните циклуси и животот. Учесниците создаваат рачно изработени маски, најчесто инспирирани од митологијата или од некои актуелни случувања во светот.

Од политичка сатира до економски апсурди, вевчанци преку своите уникатни маски без цензура го „преслушуваат“ општеството. Ова е театар на отворено каде хуморот е „болен“, а атмосферата незаборавна. Вевчанскиот карневал не е само симбол на селото, туку бесценето културно богатство на Македонија.

Освен традиционалниот карневал со маски предвидена е и богата културно уметничка програма. На 12 јануари со почеток во 20:00 часот ќе настапат раперите од Пука козметика.
На 13 јануари во 20:00 часот почнува настапот на Благоја Грујовски, а пред полноќ во 23:30 ќе се слушнат звуците на Оркестар со зурли и тапани.

Фотографиите се преземени од официјалната фејсбук страница на Вевчанскиот карневал, каде можете да бидете во тек со сите најнови информации за годинешниот карневал, а во меѓувреме можете да го погледнете следното видео преку кое е прикажано минатогодишното дефиле и сретнувањето на Горна и Долна Маала: https://www.facebook.com/share/v/1EtQZweuL4/
🏘️ Посети го магичното Вевчани!
Најдете автентични вили и апартмани во срцето на Вевчани по најдобри цени. 👉 Види понуди во Вевчани
*Резервацијата е преку Booking.com
