|

Потекло на обичајот за кршење на лепче со паричка на Василица

Сподели на:

Во многу домови на православните христијани денес како традиција се празнува празникот Свети Васили Велики, а исто така сношти и денес како традиција и во чест на овој празник се крши лепче во кое има скриено паричка. Според верувањето среќникот кој ќе ја најде оваа паричка ќе има најголема среќа во новата година. Сигурно многумина сте се прашале, од каде потекнува оваа традиција за криење на паричка во лепче на Василица.

Во продолжение ќе го дознаете одговорот:

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот.

Тој никогаш повеќе не се ни вратил, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, Свети Василиј ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Сподели на:

Слични Написи