Комплетна листа за пакување за летно патување
Дали некогаш сте се спакувале за летен одмор и по пристигнувањето сте сфатиле дека сте заборавиле нешто важно? Без грижи, тоа им се случува на сите, па дури и мене, авторот на овој текст:))
Со овој детален водич за пакување, можете да бидете сигурни дека ќе имате сè што ви треба за да уживате во безгрижен летен одмор.

1. Облека и обувки. Важно е да пакувате лесни и удобни алишта кои се соодветни за топло време. Спакувајте неколку лесни маици, кошули или блузи. Лесни шорцеви, бермуди и здолништа се идеални за прошетка по летните туристички места или за релаксирање на плажа. За жените еден или два фустани можат да бидат одлични за вечерни излегувања. Немојте да ги заборавите купаќите, односно костимот за капење. Крпи, пешкири за на плажа, иако понекогаш може да ви бидат обезбедени и од хотелот или вилата каде ќе се сместите. Лесна јакна или дуксер кои ќе ви се најдат ако има посвежи вечери. Удобни патики за шетање, сандали и еден пар елегантни чевли за вечер.
Пронајдете и резервирајте ваше сместување на сите дестинации низ светот преку нашите партнери од Booking на следниов линк: https://www.booking.com/dealspage.html?label=getaway&campaign_id=getaway

2. Додатоци и опрема. Овие предмети ќе го направат вашето патување поудобно и поорганизирано. Сончеви очила и капа за заштита од јаките сончеви зраци. Кремата за сонце е неопходна за заштита на кожата. Мал ранец или торба за носење работи во текот на денот. Преносна батерија (power bank) за да не ви се случи да останете со празен телефон.
3. Лична хигиена и прва помош. Секогаш е добро да имате мал комплет со основни работи, како: четка за заби, паста, шампон, сапун, дезодоранс. Припадничките на понежниот пол сигурно покрај себе ќе сакаат да ги имаат и своите шминки и други козметички производи.

4. Комплет за прва помош. Содржи фластери, лекови против болка и лек против алергии. Ако патувате до место каде има многу комарци или други инсекти, сетете се да купите и средство против инсекти.
5. Важни документи и пари. Без оглед каде патувате треба со себе да ја имате личната карта или пасошот. Ако патувате со ваш автомобил не ги заборавајте возачката, сообраќајната, зелениот картон кој ќе ви треба ако сакате да ја преминете границата и патничко осигурување. Доколку патувате со автобус, воз или авион не ги заборавајте вашите билети. Ќе патувате и ќе бидете турист, а тоа значи дека и ќе ви требаат пари во кеш, но ќе ви се најдат и дебитните или кредитните картички. Доколку сте во можност пред да стигнете на вашето место за одмор, ви препорачуваме веќе да имате резервирано во хотел, вила или апартман.

