Понуда за 8-ми Март која не смеете да ја пропуштите

Сподели на:

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.  Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

ПРОГРАМА:

БИТОЛА-САНДАНСКИ

07 Март 2025. Поаѓање во 06.00 часот од Битола за Сандански преку Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности). Пристигнување во Сандански. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.

САНДАНСКИ

08 Март 2025. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Можност за организирана факултативна вечера. Ноќевање.

САНДАНСКИ-БИТОЛА

09 Март 2025. Појадок. Напуштање на хотелот до 12.00 ч. (локално време). Во 12.30 часот (локално време), поѓање кон месноста Рупите (храмот – света Петка и гробот на најпознатата пророчица –

Баба Ванѓа каде е и погребана). По посетата поаѓање за Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Битола во вечерните часови.

Вклучено во цена:

  • Цените  се за 1 лице за 2 ноќевања со појадок, со превоз
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
  • Безжичен интернет во целиот хотел
  • Паркинг
  • Детско катче со аниматор
  • Туристичка такса
  • Попатна посета на гробот на Баба Ванѓа
  • Придружник и организација на патувањето

Дополнителни информации:

Во цената не е вклучено:

  • Доплата за организирана вечера 18€
  • Патничко здравствено осигурување

За оваа понуда, но и за другите осмомартовски понуди на S-Travel дознајте повеќе на: https://s-travel.mk/category/patuvanja/8mi-mart/

Цена за 2 ноќевања со доручек:

Тип на соба: 1 DBL – лукс: 173 

Тип на соба: 2 DBL – супериор (студио): 200

Контакт информации:

Фотографии

Сподели на:

Слични Написи