Мала, но голема мудрост
Еден млад човек еднаш отишол да го праша Сократ од каде му доаѓа големата мудрост и знаење. „Следи ме”, му рекол Сократ и го однел младото момче до морето.

Момчето се движело по стапките на Сократ низ водата, најпрвин на длабочина до зглобовите, па до колената, до половината и на крај до рамениците.
Одеднаш, Сократ го грабнал момчето и го турнал под вода. Момчето очајно пробувало да се ослободи и баш пред да се онесвести, Сократ го извадил од водата.
Бесно, момчето го прашало: „Што правиш? Зарем сакаш да ме убиеш?”
Мирно, Сократ му одговорил: „Воопшто. Ако сакав да те убијам, немаше да те извадам од водата.”
„Тогаш зошто ми го направи ова?”, прашало момчето.
„Кога ќе посакуваш мудрост толку многу колку што сега сакаше воздух, тогаш ќе ја имаш”, му одговорил Сократ гледајќи го момчето во очи. Тогаш се свртел кон брегот и си заминал.

