НА 8-МИ МАРТ САКАМ ДА БИДАМ ВО ВЕНЕЦИЈА!
Вашата желба сега може да се исполни. Туристичката агенција „Атлантис“ Денот на жената го честита со одлична понуда за посета на градот во кој се заљубува секој оној кој барем еднаш ќе го посети, ПРЕКРАСНАТА ВЕНЕЦИЈА. Овој италијански град се вбројува меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот. Секој ден во просек доаѓаат по 50 000 туристи. Базиликата „Свети Марко“, „Големиот канал“ и Плоштадот „Свети Марко“ се само дел од многубројните убави места кои може да се посетат во Венеција.
Програма:
Прв ден: 06.03.2025 (четврток)
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење.
Втор ден: 07.03.2025 (петок)
Пристигнување во Италија во утринските часови. Падова е првиот град за посета, затоа што таму се спојуваат две култури, венецијанската и миланската култура. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, убавата ботаничка градина и шопинг центарот. После прошетката групата се упатува кон хотелот кој е лоциран на 15 километри од Падова.
Трет ден: 08.03.2025 (сабота)
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Миланo…Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. За време на разгледувањето на Милано групата ја води локален водич. Предвидено е и слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се: миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Се разбира дека вљубениците во шопингот може да го посетат и познатиот центар Via Torino. Во попладневните часови групата се упатува кон хотел.
Четврти ден: 09.03.2025 (недела)
По појадок во хотелот, патувањето продолжува кон Венеција, а тоа е градот кој многумина го нарекуваат „град на вода“. Локалните водичи се задолжени за да ги раскажат приказните за историјата на градот. Ќе ве запознаат со Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто….Предвидено е и слободно време за индивидуална прошетка, а потоа групата го започнува својот пат кон Македонија. Возењето е ноќно преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и за царински формалности.
Петти ден: 10.03.2025 (понеделник)
Пристигнување во Македонија во попладневните часови (помеѓу 12:00 и 15:00 часот).
Вклучено во цена:
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Посета на Падова
- Автобуски превоз од Скопје
- Лиценциран придружник
Дополнителни информации:
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување.
- Задолжителна екскурзија за Венеција – 30 евра (такса за влез во Венеција, локален водич, брод, превоз).
- Факултативна екскурзија за Милано – 55 евра (автобуски превоз и локален водич).
- Туристичка такса, околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот.
- Индивидуални трошоци (влезници за музеите).
- Доплата за еднокреветна соба 40 евра.
- Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра.
За оваа понуда, но и за другите осмомартовски понуди дознајте повеќе во канцелариите на Туристичката агенција Атлантис во градовите: Скопје, Струмица, Битола, Радовиш и Охрид. Посетете ја и интернет страницата: https://www.atlantis.mk/tours/8mi-mart
Цена:
149 Евра по лице.
Контакт информации:
Локација:
Фотографии:
Rumble видео промоција:
YouTube видео промоција:











