УБАВА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ВАШЕТО СЛЕДНО ПАТУВАЊЕ
Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.
Програма:
1 ден 06.03.2025 (четврток)
Состанок на групата на Дрводекор (Битола) во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 07.03.2025 (петок)
Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности.
Влез во хотел. Слободно време.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Во договорено време групата се упатува кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025 (сабота)
По појадокот групата се упатува кон една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Следи крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе може да се видат сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
Потоа следи посета на Азија. А, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња… сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден 09.03.2025 (недела)
По појадокот групата се упатува кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време (отприлика 3часа) за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 10.03.2025 (понеделник).
Вклучено во цена
- Две ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели
- Автобуски превоз
- Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул – населбата Аксарај
- Посета на трговскиот центар Форум
- Туристички пратител за време на патувањето
Дополнителни информации:
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети:
- Топ Капи палатата
- Населбата Ортакој и Таксим – 20 евра
- Населбата Балат и Вселенска патријаршија – 15 евра
- Крстарење на Босфор – 20 евра
- Посета на Азија – 20 евра
- Ноќно крстарење со турска традиционална забавна вечера, неограничени алкохолни пијалоци – 50 евра.
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- За оваа понуда, но и за другите осмомартовски понуди на S-Travel дознајте повеќе на: https://s-travel.mk/category/patuvanja/8mi-mart/
Цена за две ноќевања со доручек:
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Редовна цена: 139 евра










