Нов хит: „ВО ВИС“ – Прв сингл на Теона Богданоска!
Со големо задоволство ви ја претставуваме „Во вис“, првиот официјален сингл на младата и талентирана прилепчанка Теона Богданоска.

Иако е млада, Теона не е ново име на сцената. Публиката веќе ја познава по нејзините настапи и неколкуте успешни детски песни кои го најавија нејзиниот голем потенцијал. Теона има настапувано на детскиот музички фестивал „Весели Ѕвончиња“ кој се одржува во Прилеп, а благодарение на неа децата и ден денес ги пеат нејзините песни „Братче и сестриче“, „Модерно време“ и големиот детски хит „Не знам што се случува“.

Со својата прва авторска песна „Во вис“, таа прави храбар чекор напред, покажувајќи созревање во својот музички израз.
Музиката и текстот се дело на Теона, аранжманот на Рубин Димкоски, а песната е снимена во R-music студио.
🏰 Посети го Прилеп – Градот под Марковите Кули!
Најдете апартмани и хотели во срцето на Прилеп по најдобри цени. 🏨 Види понуди во Прилеп
Информација.мк секогаш стои зад квалитетните вредности и со гордост ги поддржува младите таленти кои се иднината на нашата културна сцена. Веруваме во Теона и во нејзиниот пат кон ѕвездите!
🎧 Слушајте ја „Во вис“ и поддржете го македонското творештво.
Слушнете ги и другите песни испеани од Теона:
Истражи ја Македонија 🇲🇰
Најди го најдоброто сместување за твојот следен викенд или одмор низ цела држава. 🏨 Види понуди низ цела Македонија
