„НАРУШЕНИ МЕЃУЗАЈАЧКИ ОДНОСИ“ ВО КУНОВО. Два зајаци станаа вистинска интернет сензација

Необично и многу забавно видео од селото Куново во општина Гостивар привлече внимание на социјалните мрежи. На снимката се гледаат два зајаци кои стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, како да се во „сериозна расправија“. Видеото е објавено денес на Фејсбук страницата од село Куново и веднаш предизвика огромно внимание. со доза на хумор од локалните жители, кои на шега напишале: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, што дополнително ја засили реакцијата на корисниците на интернет.
Ако сакате да дознаете повеќе информации за селото Куново и да го видите оригиналното видео посетете ја нивната страница: Село Куново
