Со насмевка денот е поубав

Од лудница пуштија двајца пациенти, ама само на условно. Докторите им рекоа:
„Ви даваме пробен период од еден месец. Ќе живеете заедно во ист стан. Цело време ќе се надгледувате еден со друг. Ако некој од вас забележи дека другиот полудува, веднаш да ни се јави, а ние ќе дојдеме и ќе го земеме“.
Пациентите почнале да живеат заедно и сѐ беше добро додека една вечер еден од нив не му застана на другиот над глава, ги крена рацете нагоре и рече: „Јас сум ноќна ламба“.
Другиот кога го виде одма се реши да го каже на лекарите. Го зеде телефонот и се јави:
– Овој полуде, почна да ми виси над глава и вели дека е ноќна ламба и пушта светлина.
– Добро тогаш, утре ќе дојдеме да го земеме.
– Ама како утре, кој ќе чека? Дојдете сега!
– Доцна е сега, спиј си мирно, а ние утре рано ќе дојдеме.
– Море луѓе! Како ќе можам јас да заспијам на толку јака светлина?

Еден маж си гледаше телевизија и кога наеднаш жена му го удри со тавчето по глава. Мажот се исплаши и праша:
– Што ти е тебе жено, да не се збудали?!
– Ова ти беше заради ливчето што ти го најдов во пантолоните: Марија 7 2 8 9 1 4.
– Бев во кладилница и се обложував на трка со коњи. Марија се викаше кобилата на која се обложив: 7 значи трка број седум, 2 бројот на мојот облог, 8 е бројот на коњот, а броевите 9 и 14 се за времето на трката во 9:14!
– Леле извини душо! – рече жената.
После два дена: – Трас!!! – повторно му заѕвони главата на мажот од ударот на тавчето:
– А бе, што ме удираш пак?
– Е ова сега ти е заради кобилата на која се кладеше. Само што ми се јави и ми рече дека е трудна!
