| | | |

Велина Стаменковиќ од Врање – најмлад чувар на балканската етно музика и голем амбасадор на македонската песна

Сподели на:

Оваа наша музичка приказна ја посветуваме на Велина од Врање во Србија. Името на оваа млада девојка сега го спомнуваме со големо почитување, цврсто верувајќи и надевајќи се дека во иднина таа ќе биде едно од најголемите и најпознатите пејачки имиња на овие простори. Иако има само 16 години, нејзиниот глас веќе го освојува Балканот.

Таа со право го носи епитетот најмлад чувар на врањската градска песна и етно наследството на Балканот, но за нас е особено важна бидејќи со гордост дејствува и како искрен амбасадор на македонската народна песна.

Врањанката Велина веќе е препознаена како едно од најзначајните млади имиња во зачувувањето на традиционалното музичко наследство во Србија. Благодарение на извонредниот талент, посветеноста и зрелоста во интерпретацијата, нејзиниот квалитет брзо излезе надвор од локалните рамки.

Покрај негувањето на песните од својот роден крај, со голема љубов и посветеност го негува и македонскиот мелос, чии песни ги изведува со посебна емоција и почит кон традицијата. Токму благодарение на тој репертоар, таа стекна бројна публика ширум регионот, а нејзините интерпретации на социјалните мрежи бележат милионски прегледи, што ја сврстува меѓу најпратените млади изведувачи на традиционална музика.

Нејзиниот единствен глас, силна емоција и автентичен пристап ѝ донесоа бројни признанија и настапи на значајни културни манифестации. Освен публиката во Србија, Велина е исклучително препознаена и во Македонија, токму затоа што преку нејзините изведби на најубав можен начин ги поврзува народите на Балканот.

Дека нејзината посветеност кон уметноста е сериозна, докажува и тоа што таа е основач на „Velina Vocal & Piano Atelier“. Во рамките на ова ателје, своето знаење и искуство веќе им ги пренесува на уште помладите генерации, поттикнувајќи ги да ја негуваат традицијата, музиката и вистинските културни вредности.

Иако е многу млада, Велина со својата работа покажува дека традицијата има светла иднина. Нејзините концерти не се само музички случувања, тие се културни манифестации кои го слават богатството на етно наследството на Балканот, а често имаат и хуманитарен карактер, докажувајќи дека музиката може да биде покренувач на добри дела.

Со својот талент, скромност и посветеност на зачувувањето на традицијата, Велина Стаменковиќ стана препознатливо младо лице на етно музиката и еден од најперспективните амбасадори на културното наследство на Балканот.

Заследете ја Велина на нејзините музички канали:

Инстаграм канал на Велина

Фејсбук страница на Велина

Сподели на:

Слични Написи