| | |

Борче Наумовски – Министерот слави 30 години музичка кариера со спектакуларен концерт во Хераклеа!

Сподели на:

Се ближи денот кога познатиот македонски фолк пејач Борче Наумовски – Министерот ќе го одржи својот голем јубилеен концерт во Битола. На сцената на античкиот локалитет Хераклеа, тој ќе одбележи 30 години успешна кариера на естрадата.

Спектаклот е закажан за среда, 22 јули 2026 година, со почеток во 20:30 часот. Во улога на водител на оваа незаборавна вечер ќе ја видиме шармантната Ирена Спировска.

Влезници и резервации

Влезот за овој голем музички настан изнесува 600 денари, картите се пуштени во продажба и поголемиот дел се веќе распродадени, затоа не чекајте го последниот момент. Билети можете да набавите на следниве локации:

  • Онлајн: www.narodenteatarbitola.com
  • Физички локации:
    • Билетара на Народен театар Битола
    • Тобако „Димпо“
    • Тобако „Брадрс“
  • Инфо и резервации на телефоните: 072 748 701 и 075 338 025

Музички гости на сцената

Возбудата дополнително ја крева листата на еминентни гости, колеги и блиски пријатели на Наумовски кои ќе му се придружат под ѕвезденото битолско небо:

  • Татјана Стефановска
  • Даниела Темелковска
  • Марјан Коцев
  • Миле Кузмановски
  • Кате и Трајче „Соната“
  • Маестро Кирил Стојчевски и големиот оркестар

Кликнете на сликата подолу за да ја слушнете официјалната аудио-реклама.

Сподели на:

Слични Написи