Скијачкиот центар „Михајлово“ продолжува да се развива

Во најновиот македонски скијачки центар „Михајлово“ во тек е изградба на нова скијачка патека. Патеката е на надморска височина од 1 400 метри, а нејзината должина е 1 200 метри. Освен патеката во новата скијачка сезона ќе има и нов ски-лифт, но и уште две дополнителни ски-патеки. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев најави дека отворањето на новата патека е планирано за 1 јануари 2026 година.
Фото галерија од изградбата на новата скијачка патека:







