|

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 25 учесници, на ЕПАЛЕ дводневен семинар за провајдери во образованието за возрасни на тема „Интернационализација во образованието за возрасни”

Сподели на:

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамки на Акциониот план на ЕПАЛЕ за 2025–2026 година, објавува јавен повик за избор на 25 учесници на дводневниот ЕПАЛЕ семинар на тема „Интернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“. Настанот ќе се одржи од 16 до 18 септември 2026 година во Охрид.

Семинарот е наменет за сите индивидуалци и организации активни во секторот за образование на возрасни кои сакаат да ги зајакнат капацитетите за меѓународна соработка, да развиваат иновативни проекти и да ги искористат можностите од европските програми. Учесниците ќе стекнат практични знаења за подготовка на проектни концепти, интегрирање на европските вредности и модели за финансирање.

Критериуми за учество:

За да аплицираат, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:Професионална улога во која било форма на образованието за возрасни.Активен ЕПАЛЕ профил (или регистриран профил до моментот на аплицирање).Изразена мотивација за меѓународна соработка.Познавање англиски јазик и основни компјутерски вештини.

При селекцијата, Комисијата ќе го земе предвид профилот и досегашната работа на кандидатите, како и рамномерната регионална застапеност. Со избраните кандидати Комисијата ќе контактира директно.

Покривање на трошоци:

Националната агенција ги покрива целокупните трошоци за сместување и храна. За учесниците од Скопје е организиран заеднички превоз, додека за оние од останатите градови трошоците за пат ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет.

Начин и рок за аплицирање:

Крајниот рок за поднесување пријави е 2 септември 2026 година. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите можат да се пријават со пополнување на онлајн формуларот на следниот линк:

Пријавете се за учество

Сподели на:

Слични Написи