Ноќва почнува летното сметање на времето: Часовниците се поместуваат еден час напред
Летното сметање на времето во 2026 година почнува ноќeска, во недела на 29 март. Во два часот по полноќ, стрелките на часовниците треба да се поместат еден час напред, односно наместо два, ќе биде три часот. Иако ова значи дека ноќва ќе спиеме еден час помалку, промената ни носи подолги денови и повеќе дневна светлина…
