Празничната магија продолжува: „Празничен шепот на крушевската чаршија“ ве кани на уште еден незаборавен викенд!
Настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“ продолжува да го грее срцето на Крушево, претворајќи ја старата чаршија во сцена од најубавите зимски бајки. Деновиве во Општинското основно училиште „Никола Карев“ се одржува театарска работилница, а за сабота и недела се најавени повеќе интересни настани. Во сабота во 11:00 часот ќе се одржи работилница и промоција…
