„Нема друга Македонија“ добива нов живот: „Некст Тајм“ го објавија видеото снимено во величествениот „Македониум“
По најавите и големиот интерес, дуото „Некст Тајм“ денеска ја објави долгоочекуваната преработка на легендарната македонска песна „Нема друга Македонија“. Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, добива ново, моќно видео снимено на исклучително симболичен амбиент во споменикот „Македониум“ во Крушево. Видеото е дел од концертниот проект со истото име, „Македониум“, што групата го реализираше…
