Промовиран спотот за „Патот на илинденците“: Музичко дело посветено на македонската историја и аманетот на предците

Со многу љубов, почит и посветеност кон татковината за време на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ се промовираше новиот музички видео проект наречен „Патот на илинденците“, создаден по повод празникот Илинден во соработка меѓу Unikat BAND и Битолската коњаница „Галоп“.
Овој проект не е само уште еден музички сплет, туку претставува дел од македонската душа и вечниот аманет оставен од предците. Главната цел е да послужи како силен потсетник дека историјата не се заборава, туку се прераскажува, се пее и достоинствено се пренесува на новите генерации.
За реализација на ова обемно дело е заслужен голем тим соработници, институции и пријатели кои веруваа во визијата и помогнаа таа да стане реалност.
Посебна благодарност за поддршката до:
- Соработниците: Ване Петкоски (ИН ТВ Македонија), Мими Марковски, Стојан Стојановски и Петар Горко.
- Поддржувачите и институциите: УТМС Скопје, поддржувач кој сака да остане анонимен, Стевче Стевановски (Градоначалник на Општина Новаци) и Илче Трајковски.
- Пријателите и спонзорите: „Македонска Куќа ЛАКИ“, Пекара „Маја“ и Трајче Безистен.
- За автентичниот изглед и реквизитите: Посебна благодарност до Музеј Крклино и Вера Попчановска, кои беа задолжени за целосниот визуелен изглед и сценографијата.
„Заедно докажавме дека кога љубовта кон татковината е искрена, се создаваат дела што ќе останат да сведочат за нашето време. Нека живее македонската песна, македонската историја и вечната слава на илинденците!“, порачуваат авторите зад овој проект.


























