| |

Чувари на вековната традиција: Здружението на жени „Цвет“ организира етно саем во Крушево

Сподели на:

Крушево уште еднаш покажува дека е вистински чувар на македонскиот фолклор и вековното наследство. Во организација на Здружението на жени „Цвет“, се одржува етно саем каде кројот, везот и рачните изработки го оживеаја духот на минатото.

На саемот се изложени уникатни парчиња кои сведочат за богатата историја и култура на овој крај. „Крушево е град кој ја негува традицијата и затоа имаме стари изработки“, истакнаа учесниците на саемот.

Овие автентични ракотворби, преполни со детали и љубов, се плод на вредните раце на крушевските жени кои со генерации ја пренесуваат оваа вештина. Посетителите имаат можност одблизу да се запознаат со богатата ризница на крушевскиот крај.

Присутните не го кријат своето воодушевување од организацијата и зачувувањето на културното идентитетско богатство, упатувајќи благодарност до сите жени кои членуваат во „Цвет“, а посебно до нивната претседателката Спасенија Тасеска за нејзината посветеност и иницијатива.

Она што го прави овој саем значаен е исклучителната историска вредност на изложените парчиња. Дел од овие изработки не се само убави за око, туку се вистински музејски експонати со приказна стара цел еден век.

Околу 100 години се стари изработкиве“, потенцираат учесниците, посочувајќи ја непроценливата вредност на изложените носии и ракотворби.

Преку ваквите настани, Здружението „Цвет“ продолжува да ја одржува жива крушевската традиција, спасувајќи ги од заборавот највредните траги на нашето минато.

Сподели на:

Слични Написи