🌸Оркестар ДИВА ги најавува грандиозните концерти „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид

Август носи вистинско културно освежување за сите љубители на врвната музика. Нашиот музички бисер, Оркестар ДИВА, и ова лето го подготвува спектакуларниот концерт „Flowers Symphony“ – музичко доживување исполнето со силни емоции, елеганција и повеќе од сто учесници на сцената.
За сите посетители се подготвуваат две незаборавни летни вечери на две од најубавите амбиентални локации во земјава:
- 17 август 2026 (почеток во 21:00 ч.) – Пацио на НУ Завод и Музеј – Битола
- 18 август 2026 (почеток во 21:00 ч.) – Долни Сарај – Охрид
Годинашната програма носи уште побогато музичко искуство. Покрај препознатливите и безвременски италијански канцони и оперски арии, публиката ќе ужива и во изведба на култни филмски теми. Сцената ќе оживее со безвременските ноти на легендарните филмски композитори како Енио Мориконе, Џон Вилијамс, Ханс Цимер и многу други.
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа волшебна симфонија под отворено небо.
Информации за билети: Влезниците се веќе во продажба онлајн Купи билети за Flowers Symphony, како и на продажните места во Тобако Димпо и кај Аждер.
