| |

Традицијата и фолклорот го исполнија Крушево: Врвни настапи на пензионерите од Прилеп и Крушево

Сподели на:

Крушево пулсира во духот на традицијата. Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, синоќа се одржа културно-уметничка вечер исполнета со песна, игра и богата македонска традиција.

Пред многубројната присутна публика, свои одлични настапи имаа членовите на КУД „Пензионер“ од Прилеп, како и домаќините – Здружението на пензионери од Крушево.

Традиционални ора и песни за убава празнична атмосфера

Вечерта беше исполнета со разновидна програма во која публиката уживаше во мајсторски изведени фолклорни точки. Вниманието и аплаузите на присутните беа најдобрата награда за крушевските пензионерки за нивната одлична изведба на традиционалните песни и ора, меѓу кои препознатливото крушевско оро „Кавала“, но и орото „Црногорка“. Прекрасни беа и прилепските пензионери членови на КУД „Пензионер“ кои со своите песни ја разубавија ноќта во градот на Републиката.

Со неисцрпна енергија, искрена посветеност и голема љубов кон традицијата, пензионерите уште еднаш докажаа дека се вистински чувари на нашиот фолклор. Тие потсетија дека за добра македонска песна и за разиграно оро нема години — потребни се само мерак, животен дух и отворено срце.

Сподели на:

Слични Написи