Етно групата „Златник“ од Србија го чува балканскиот мелос и ја освојува сцената

Етно групата „Златник“ е вистински чувар на српското, но и на македонското и балканското традиционално музичко наследство. Основана во април 2023 година од страна на Јована Зукановиќ Шарац, долгогодишен изведувач на традиционална музика, групата се роди со јасна мисија – промоција на традиционалните звуци на Балканот, како во регионот, така и ширум светот. Членовите на групата се луѓе со различни професии и на различна возраст, но цврсто обединети под една заедничка пасија: љубовта кон музиката, традицијата и сценските настапи.
Музички остварувања и првиот албум
За три години постоење, групата веќе зад себе има забележителни успеси. Нивниот дискографски пат започна со две авторски песни, „Христос воскресе“ и „Хероји Кошара“. Круна на нивната досегашна работа е првиот студиски албум насловен „Алај ми је вечерас по вољи“ кој беше објавен во октомври 2024 година на сите дигитални платформи. Албумот, покрај двете споменати песни, содржи и осум прекрасни балкански традиционални песни, спакувани во нивен автентичен аранжман.
Бројни настапи во регионот и престижни признанија
Хуманитарниот ангажман и културната мисија на „Златник“ од Белград, се рефлектираат низ нивната богата концертна агенда. Групата има настапувано на бројни значајни манифестации во Србија и Република Српска. Меѓу нив се издвојуваат одбележувањата на годишнината од битката на Кошара и Погромот на Косово и Метохија, Видовданската академија во Ќуприја, Немањините денови во Куршумлија, како и Светосавските академии во Вуковар и Андријевица.
Покрај големиот број хуманитарни концерти, групата одржа и успешни солистички концерти во Белград, Чачак, Пријепоље, Лајковац, Деспотовац, Шид, Славонски Брод, Глина и Врдник. Како потврда за нивниот труд, етно групата „Златник“ и нејзиниот основач, Јована Зукановиќ Шарац, се двојни добитници на престижната награда на порталот „321 Србија“ за зачувување на српската култура и традиција за 2023 и 2024 година.
Македонскиот мелос како инспирација и желба за средба со македонската публика
Она што е особено интересно е дека на репертоарот на етно групата „Златник“ значајно место заземаат токму македонските традиционални бисери. Публиката на нивните настапи има можност да ужива во емотивните изведби на безвременските песни како:
- „Зошто си ме мајко родила“
- „Стани моме да заиграш“
- „Бело лице љубам јас“
- „Јовано, Јованке“
- „На срце ми лежи“
Од групата не ја кријат својата голема желба за брзо патување на југ. Како што и самите истакнуваат, искрено се надеваат дека наскоро ќе се создадат услови да се претстават и пред македонската публика, која со сигурност ќе знае да ја препознае нивната искрена емоција и почит кон македонскиот мелос.
Дознајте повеќе за едно групата Златник:
