|

Мудри мисли

Сподели на:

Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака да каже нешто, тој започнува да зборува лошо за другите.

Никој никого не отфрлува, само некој оди напред. Оној кој заостанал, смета дека е отфрлен.

Ако вие мислите добро за себе, зошто е потребно уште некој да мисли добро за вас?

Незрелата личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Поради тоа, незрелата личност критикува, а зрелата дејствува.

Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот. Тоа е желбата да им се допаѓаме на сите.

Нема машка и женска логика, постои само способност и неспособност да се мисли мудро.

Сакаш да дознаеш кој е твојот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него – останатите ќе избегаат.

Со пријателите е пријатно да се разговара, а со непријателите корисно.

Подобро е да се комуницира со добра книга отколку со празен човек.

Сподели на:

Слични Написи