|

Денес е Свети Василиј Острошки: Чудотворецот чија моќ ги премостува вековите

Сподели на:

Денес, на 12 мај, православниот свет го слави споменот на Свети Василиј Острошки, еден од најпочитуваните светци на Балканот. Секоја година на овој ден, илјадници верници од целиот регион и светот тргнуваат кон манастирот Острог, барајќи утеха, мир и духовно исцеление.

Животот на светителот: Од Попово Село до Острошките карпи

Свети Василиј е роден во Попово Село во Босна и Херцеговина. Уште од малечок бил исполнет со огромна љубов кон Божјата Црква, па штом пораснал, заминал во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица, каде го примил монашкиот чин.

Набрзо станал познат по својот сериозен и редок подвижнички живот. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, најпрво живеел во манастирот Тврдош, каде како добар пастир го чувал својот народ од турската свирепост и од латинското лукавство.

Кога притисоците од непријателите станале неподносливи, а Турците го разориле Тврдош, Свети Василиј се преселил во Острог. Сè упокоил во 16 век. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести

Традиција што живее низ вековите: Светецот кој чекори меѓу луѓето

Едно од највпечатливите верувања е приказната дека светецот и ден денес, секоја вечер станува од својот ковчег и чекори по карпите над Острог.

Мистичните волнени чорапи. Како поткрепа на ова, верниците раскажуваат за белите волнени чорапи кои се оставаат покрај неговите нозе. Честопати, чорапите кои навечер биле потполно нови, наутро се наоѓаат искинати или изабени – знак дека светецот ги носел за време на неговите ноќни молитвени прошетки.

Безбројни чуда и исцеленија

Неговите мошти до денешен ден останаа цели, нераспадливи и чудотворни. Чудата на неговиот гроб се безбројни. Кон нив со векови притекнуваат не само христијани, туку и муслимани, наоѓајќи исцеление и од најтешките маки и болести.

Посебен настан е секоја година на Педесетница, кога во Острог се случува голем народен собир, сведочејќи за живата вера која не гасне.

Обичаи и народни верувања

Денот на Свети Василиј се слави со молитва и одење во црква. Се верува дека на овој празник молитвите се услишуваат особено силно, па затоа луѓето застануваат во тишина и се молат за здравје и семеен мир.

Обичај за девојките

Во минатото, особено во Босна, постоел обичај девојките пред зори да ги фрлаат чевлите низ вратата. Се верувало дека ако чевлата падне во правец на куќата, тоа е знак дека девојката ќе остане уште некоја година во домот, а ако е свртена нанадвор – дека наскоро ќе се омажи.

Порака за празникот

Свети Василиј Острошки останува вечен симбол дека надежта е неуништиво светилиште. Светецот му помага на секој што му пристапува со чисто срце и искрена вера.

Нека е за многу години празникот! Свети Василиј Острошки на помош!

Сподели на:

Слични Написи