|

Најубави пораки за Осми март

Сподели на:

Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти празник, убавино!

Ова беше планот – да те сакам еден ден, но денот е сепак кратко време, а да те сакам е толку слатко. Па, подобро ми е без тој план, и затоа сакам да те сакам секој ден. Среќен Осми март.

Во твојот мобилен телефон залутала една порака каква што во овие денови сигурно не си видела….. а таа гласи: Среќен 8-ми Март!

Жената е нежна, а сепак силна, без разлика дали е мајка, сестра или баба. Треба да се сака секој момент, тоа убаво суштество се вика жена. Ти си толку силна и нежна, па затоа си ми неизмерно драга. Нека ти е среќен Денот на жената!

Преубава жено, прекрасна мајко, верна пријателко… Ти си единствена и неповторлива! Многу сум среќен што те имам во мојот живот. Среќен Осми март!

Многумина ќе ти посакаат еден куп на убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни. Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна… Среќен 8-ми Март!

Нека секој следен ден ти биде подобар, а сите желби остварени. И никогаш не заборавај на сонцето, дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!

Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека на некого ТИ СИ МУ ЦЕЛИОТ СВЕТ. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен Осми март!

Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!

Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Велат мајка те сака безусловно, дека секогаш се моли за тебе. Знам дека тоа е вистина, не е бајка и затоа сум среќен што си ми мајка. Среќен Осми март!

Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми Март!

Биди горда што си жена. Мудра, достоинствена, храбра и силна, а истовремено и нежна и внимателна. Биди таква уште долги години. Среќен празник!

Уживај во среќата, а љубовта нека биде твој најверен придружник. Доживувај само пријатни моменти во животот, не само овој, туку секој нареден ден во годината. Среќен Осми март!

Да ти осамнуваат уште поубави утра, песната да брза да те пресретне, љубовта да те придружува во животот за сите добри работи, враќајќи ти со добри работи. Нека ти е среќен Денот на жената.

Сподели на:

Слични Написи