Македонија повторно на пиедесталот!

Сподели на:

Македонското знаме повторно се вее меѓу најдобрите во Европа. На Европското првенство во џиу-џицу кое се одржа во Хераклион, Крит, нашата репрезентативка Катерина Ацевска го потврди својот светски квалитет освојувајќи го бронзениот медал во категорија со 10 врвни натпреварувачки.

Патот до бронзата: Победа над поранешна светска шампионка

Како прв носител на турнирот, Катерина беше слободна во првото коло. Во второто коло повеќе спортска среќа имаше германската натпреварувачка, но веќе во следното 3 коло нашата Катерина покажа зошто се наоѓа во самиот светски врв:

  • Во третото коло извојува победа над претставничката на Италија.
  • Во директната борба за медал, Катерина ја совлада натпреварувачката од Хрватска, која во 2024 година беше светски шампион.

Интересен е фактот што новата европска шампионка од Русија, на последното Светско првенство во Тајланд изгуби токму од нашата Катерина со убедливи 15-4, што уште еднаш докажува дека Ацевска има капацитет за највисокото скалило.

Храброст и борбеност на целиот македонски тим

Покрај успехот на Катерина и останатите македонски борци покажаа голема желба и борбеност во исклучително масовни категории:

  • Зоран Колевски: Го освои 13-тото место во категорија со 19 борци.
  • Христијан Јованов: Заврши на 13-тото место во конкуренција на 16 борци.
  • Данил Николиски: Го освои 9-тото место во својата категорија (од 10 борци).

Посебна почит заслужува Данил Николиски, кој се обиде да ги одмери силите и во сениорска конкуренција. За жал, поради повреда на лактот во првата борба, мораше да се задоволи со четвртото место, покажувајќи неверојатен спортски дух.

Со нови сили во 2026 година

Ова првенство донесе огромно искуство за македонскиот тим. Со ваква упорност и храброст да се излезе на татами против елитата на Европа, македонската џиу-џицу репрезентација влегува уште поподготвена во претстојните предизвици во 2026 година.

Искрени честитки до целиот тим за достоинственото претставување на Македонија!

Сподели на:

Слични Написи