Весел театар – Прилеп руши рекорди во посетеност

Прилепскиот “Весел театар” и 2025 година ја заврши со огромен успех, над 150 одиграни претстави во театри, центри за култура, градови, градинки, молови, плоштади…Во годинава која веќе е зад нас настапија во: Прилеп, Охрид, Велес, Куманово, Крушево, Битола, Делчево, Штип… Многубројна публика ги проследи настапите на Веселиот театар и уживаше во детските театарски претстави, стенд-ап шоу/а за возрасни и другите културни настани кои ги организира „Весел театар“.
Од „Весел театар“ велат: „Оваа интерактивна форма на театар им помага на децата да ги разберат своите права, вклучувајќи го и правото на учество во културни и уметнички активности, и им овозможува да се чувствуваат значајни и слушнати! Со нашите претстави ги пренесуваме суштинските пораки за убавината на животот и креираме еден интерактивен културен простор за сите генерации. На пример, само една наша одиграна претстава во Охрид, уште повеќе ги зближи децата со актерите, ги поттикна да учат, да се забавуваат и да развиваат љубов кон театарот и културата уште од најрана возраст.“

Весел театар е познат бренд кој годишно има над 150 настапи низ цела Македонија: театарски сали, Центри за култура, градинки, трговски центри и молови, корпоративни забави.
Значајно е да се спомене дека “Весел театар” претставува успешен театарски тим кој и во иднина ќе продолжи да носи радост и забава низ цела Македонија. Песните во театарските претстави се компонираат наменски за секоја претстава, а се снимаат во професионално музичко студио. Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА Тоа е тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави.
