Зимска театарска школа во Крушево

Сподели на:

За прв пат во градот Крушево се одржа Зимска театарска школа, во организација на НУ ЦК „Десет Дена Крушевска Република“- Крушево.

Директорката Захарија Ангелеска, воедно актер и магистер по театарска педагогија, во една случајна конверзација со Билјана Крајчевска, педагог, драматург во Народен Театар Битола, едукатор во приватната театарска школа Хотел Театар-Битола и сценарист на Пет Плус Фамилија – Петко, дојдоа на идеја за спроведување на театарски работилници за децата од Крушево.

Заедничка цел беше да се анимираат децата од Крушево и да можат да се запознаат одблиску со темелите на театарската уметност.

„Нашата благородна желба се спои со идејата на организациониот тим на „Празничен шепот на крушевската чаршија“ и заедно одлучивме да влеземе во програмата на Зимската бајка 2025“ – за читателите на Информација.мк изјави Захарија.

Видео:

Театарските работилници се одвиваа во пријатна атмосфера, во просториите на ООУ „Никола Карев“, а организаторите на театарската работилница им благодарат на раководството и вработените во ООУ „Никола Карев“ Крушево за одличната соработка. Учествуваа вкупно 200 ученици од прво до деветто одделение.

🏠 Планираш престој во Крушево?

Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени.

👉 Види ги сите понуди во Крушево

*Резервацијата е преку Booking.com

Сподели на:

Слични Написи