Кој стои зад „Празничниот шепот на крушевската чаршија“? Иницијаторите ги откриваат плановите за зимската празнична бајка во Крушево

Постојат места кои едноставно знаат како да ја дочекаат зимата. Оваа година, Крушево е центарот на зимската магија со манифестацијата „Празничен шепот на крушевската чаршија“, која носи автентичен новогодишен и божиќен дух во највисокиот град на Балканот.
Нашиот тим разговараше со иницијаторите и организаторите на оваа прекрасна празнична бајка! Заследете ја нивната страница за да бидете во тек со најновите информации: https://www.facebook.com/profile.php?id=61582663120998
Откријте како се роди идејата, што сè ве очекува во чаршијата и зошто токму Крушево е дестинација број еден за празниците.
Погледнете го интервјуто во продолжение и дознајте ги сите детали за програмата и изненадувањата што ги подготвуваат!
„Празничниот шепот на крушевската чаршија“ мотивираше многу граѓани самоиницијативно да ја понудат својата помош, но и да се приклучат во креативните работилници. За добрата прифатеност на иницијативата говори податокот дека во работилниците волонтерски учествуваат ученици и наставници од основното училиште „Никола Карев“ од Крушево, но свој придонес имаат и учениците и наставниците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Бучин кои допатуваа до Крушево со цел да помогнат и со свои изработки да ја поддржат оваа убава иницијатива. Впечатливо е и присуството на двајца претставници на Мировниот корпус кои исто така се придружија кон акцијата за разубавување на празничните денови во Крушево.
Фотографии од работилницата на Дедо Мраз









