Одличен резултат на нашиот олимпиец Ставре Јада на денешната трка во Сент Мориц
Денеска во Сент Мориц се одржа натпревар во нордиско трчање. Учествуваа 103 натпреварувачи, а нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои одличното 23 место. Заостанувањето зад првиот е само 1 минута и 15 секунди со 115 фис поени.
Виде
Резултати од Сент Мориц

Имајќи го во предвид и вчерашниот добар резултат ова е одличен викенд за Јада кој се подготвува за Зимската олимпијада. Доказ за врвната форма е и податокот дека на денешната трка на 10 км после Ставре на целта пристигна најдобриот Швајцарец Кирил Фендкирч. Ова е третата трка во рок од само една седмица на која учествуваше крушевчанецот кој за Информација.мк изјави: – Со секоја нова трка се чувствувам сѐ подобро и очекувам да достигнам врвна форма до почетокот на Олимпијадата.
Видео:

