|

Општина Крушево и Општина Игал од Унгарија потпишаа Меморандум за соработка

Сподели на:

Општина Крушево и Општина Игал – Република Унгарија денес потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат нови можности за заеднички проекти во културата, туризмот, образованието, спортот, младинските политики и локалниот развој.

Со ова партнерство, двете општини започнуваат ново поглавје на меѓусебно поврзување, размена на искуства и реализација на иницијативи кои ќе донесат конкретни придобивки за граѓаните и ќе придонесат за уште поголема меѓународна промоција на двете општини.

Во рамки на оваа соработка ќе се планираат меѓусебни посети, учество на манифестации во двата града, заеднички културно-туристички настани, како и иницијативи за промоција на локалните потенцијали. Дополнително, ќе се поттикне и економска соработка преку можности за претприемачки контакти и заеднички развојни планови.

Општина Крушево верува дека ова партнерство ќе придонесе не само за институционално зајакнување, туку и за зближување на граѓаните на Крушево и Игал, создавајќи трајни врски и нови можности за развој.

Сподели на:

Слични Написи