Општина Kривогаштани дел од меѓународната конференција во Бари: Спортот како алатка за инклузија и социјална правда

Во италијаннскиот град Бари, Општина Кривогаштани претставувана од градоначалникот Игор Каравилоски учествуваше на презентација на клучните активности и досегашните резултати од меѓународниот проект „STOP THE GAP“. На овој значаен настан, пред голем број претставници на јавни институции, академската заедница и спортски организации, беше истакната важноста на спортот како моќен механизам за позитивни општествени промени.

Спортот како двигател на еднаквоста
Проектот „STOP THE GAP“ е иницијатива која цврсто го позиционира спортот како примарен двигател за:
- Поттикнување на инклузија на сите нивоа во општеството.
- Обезбедување еднакви можности за сите граѓани.
- Промовирање на социјална правда.
- Активна борба против сите форми на дискриминација.

Силни партнерства за инклузивна заедница
Успехот на оваа иницијатива се темели на меѓународна соработка и споделување на добри практики. Преку партнерството со ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Centro Sportivo Italiano Bari и Параспортскиот сојуз на градот Ријека, Општина Кривогаштани директно се вклучува во процеси кои носат долгорочни придобивки за локалната заедница.
„Чест е да се биде дел од настан кој обединува институции и организации со заедничка цел – создавање општество каде различностите се почитуваат, а спортот е мостот кој не поврзува сите,“ беше истакнато за време на презентацијата.

Идни чекори
Со учеството во овој проект, Општина Кривогаштани ја потврдува својата посветеност на градење инклузивна средина и меѓусебна поддршка. Активностите продолжуваат со цел имплементација на научените лекции и креирање нови можности за сите граѓани преку спортски и социјални програми.
