| |

Дожд, грмежи и снег – Времето се менува!

Сподели на:

Значителна промена на времето се очекува од денес, кога ќе започне продор на постуден воздушен бран од север. Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. Поради заладувањето, на планините во северозападниот дел кои се повисоки од 1200 метри, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. За утре се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за вторник (25 ноември):

Минимална температура: -1°C до 6°C.

Максимална температура: 9°C до 16°C

Прогноза за среда (26 ноември):

Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Прогноза за четврток (27 ноември):

Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Сподели на:

Слични Написи